АЗУРЕН БРЕГ

   ВЕНЕЦИЈА-ВЕРОНА-САН РЕМО-МОНАКО-МОНТЕ КАРЛО-КАН- НИЦА                     (КАРНЕВАЛИ ВО ВЕНЕЦИЈА,ВЕРОНА,НИЦА И  МЕНТОН)


 Цена: 12.900,ден


 
ден 26.02.2019 Поаѓање во 09 ч агенција патот води преку Србија, Хрватска и Словенија. Ноќно возење со попатни паузи.

2ден 27.02.19 Пристигнување во Лидо Ди Јесоло во утринските часови.Факултативен излет  со брод до Венеција  и панорамско разгледување на градот со водич: плоштадот и црквата Сан Марко, Дуждевата палата, мостот на воздишките, мостот Риалто,каналот Гранде. Слободно време за следење на ВЕНЕЦИЈАНСКИ КАРНЕВАЛ - најголемата туристичка атракција како и можност за возење со Гондола - симболот на Венеција. Враќање со брод во Лидо Ди Јесоло.Сместување во хотел.Ноќевање.
 
3 ден 28.02.19 Појадок. Поаѓање за Верона-градот на Ромео и Јулија,панорамски разглед на градотголемата арена, куќата на Јулија, плоштадите Бра, Ербе и Дел Сињори, замокот Векио, како и следење на КАРНЕВАЛОТ во Верона.Продолжување за Сан Ремо - градот на музиката,градот на цвеќето,а по пристигнувањето - сместување во хотел.Ноќевање.      
 
4 ден 01.03.19 Појадок. Целодневен факултативен излет до монденскиот Кан - градот на филмските фестивали, прошетка по булеварот Кроасета со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата...Потоа посета на Ница каде може да се видат: Кралската опера, плоштадот Солеја,Англиското шеталиште.Во Ница се одржува спектакуларен   ЦВЕТЕН   
КАРНЕВАЛ со можност за следење на парадата.Попладнето посета на Монако каде може да се посетат:Океанографскиот музеј,Кралската палата, катедралата Св. Никола, патеката на Ф1.Вечерта посета на коцкарниците во Монте Карло. Враќање во Сан Ремо. Ноќевање.
 

5 ден 02.03.2019 Појадок.Слободно предпладне во Сан Ремо, а потоа  поаѓање за Ментон - бисер на Француската ривиера,каде се одржува фестивал - КАРНЕВАЛ НА ЦИТРОНИ.Слободно време за  разгледување на фигурите од лимони,цитрони и портокали.Поаѓање за Македони- ја преку Словенија, Хрватска и Србија, ноќно возење со попатни паузи.

 6ден 03.03.2019 Пристигнување во Македонија во попладневните часови.


 
                       ЦЕНА: 12900 ден.
 
Во цената е пресметано:
- превоз со високо туристички автобус на наведената релација, 
- сместување во Лидо Ди Јесоло  во хотел 3* на база 1 ноќевање со појадок, 
- сместување во Сан Ремо во хотел 3* на база 2 ноќевања со појадок, 
- посети на Верона , Сан Ремо и Ментон
- организација и лиценциран туристички придружник на патувањето. 

Во цената не е пресметано: 
задолжително патничко осигурување
-превоз со брод Лидо Ди Јесоло-Венеција-Лидо Ди Јесоло и разглед на Венеција со водич - 15еур

- Факултативна посета на Кан,  Ница , Монако и  Монте Карло - 25 евра
- влезници за културно историски споменици и музеи.
 
  Напомена: Рок на пријавување до 20.02.2019 година
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

  

 

Есенски понуди 2018

Дестинации

Чартер програма