ЦЕНА: 22.900 денари
 

БАДЕН БАДЕН СТРАЗБУРГ- ПАРИЗ - ДВОРЦИТЕ НА ЛОАРА - КОЛМАР

24.05.19 Поаѓање во 07 ч. од  Битола со туристички автобус преку Србија, Хрватска,Словенија и Австрија , денско и ноќно возење со попатни одмори. 
25.05.19 Во утринските часови пристигнување во Бањскиот центар Баден - Баден, познат од Римско време со 14 извори, во подножјето на Шварцвалд. Прошетка низ центарот на градот каде ќе се видат: раскошни палати и вили, Казиното од 1748 г., Операта, Термите Каракала. Поаѓање за Стразбург каде ќе се посети Европската четврт: Европскиот парламент, Судот за човекови права, Советот на Европа, вилата на Жозефина - љубовница на Наполеон, сместување во хотел. Попладнето разглед на Стразбург и тоа: Камерзел - куќата од дрво, Катедралата Нотр Дам, квартот Мала Франција, црквата св. Тома, Операта, плоштадите Клебер, Гутенберг... Слободно време во центарот на градот. Ноќевање.   
                          
26.05.19 Појадок. Поаѓање за Париз, пристигнување во попладневните часови, разгледување на Париз со локален водич: Триумфалната порта, плоштадите Конкорд, Бастиља, Трокадеро, катедралата Нотр Дам, улицата Шанзелизе, Монмартр – улицата на уметниците, црквата Сакр Кер и квартот Пигале каде се најдува кабарето Мулен Руж. Вечерта сместување во хотел. Ноќевање.                       
                                     
27.05.19 Појадок. Ден за факултативни посети на: Ајфеловата кула, крстарење по Сена, посета на најпознатиот музеј од средниот век Лувр и луна паркот Дизниленд до вечерните часови. Ноќевање.

28.05.19 Појадок.Посета на Кралскиот Дворец Версај со локален водич, па поаѓање према раскошните дворци на Лоара под заштита на УНЕСКО, при што некои ќе се видат само панорамски а некои ќе се посетат со влез. Попатно посета на средновековното градче Блоис  како и посета на Кралскиот Дворец Амбуаз. Сместување во хотел во Амбуаз средновековно градче на реката Лоара. Ноќевање.

29.05.19 Појадок.Посета на дворецот Усе-со високи кули, кровни прозорци, елегантни оџаци; посета на дворецот Виландри со прекрасни градини и паркови; посета на величествениот екстравагантен и нај- голем дворец во Лоара Шамборд од 16-ти век. Поаѓање за Колмар, сместување во хотел. Ноќевање.

30.05.19 Појадок. Разгледување на Колмар, градче со многу фонтани, канали, плоштади, дрвени градби, градби во готски стил, цркви: Доминиканската и црквата св. Мартин, музејот на Фредерик Бартхолд - дизајнерот на Кипот на слободата во Њујорк... Поаѓање за Риквир - едно од најбајковитите места на светот кое годишно го посетуваат милион туристи, кое плени со својата убавина. Поаѓање за Македонија преку Германија, Австрија, Словенија, Хрватска и Србија, ноќно возење со попатни паузи.   
       
31.05.19 Пристигнување во Македонија во попладневните часови.

Цена: 22900 денари
Во цената се пресметани следните услуги:      
- автобуски превоз на дадената релација
- 1 ноќевања со појадок во хотел  MERCURE STRASBOURG CENTRE со 4* - Стразбург
- 2 ноќевања со појадок во хотел IBIS Orly Chevilly Tram 7  со 3* - Париз
- 1 ноќевања со појадок во хотел Hotel Ibis Amboise со 3* во Амбуaз
- 1 ноќевања со појадок во хотел Comfort Hotel Expo Colmar со 3* - Колмар
-  разгледување на Париз со локален водич,
-  посета на: Баден Баден,Стразбург, Колмар и дворците на Лоара
-  лиценциран придружник на екскурзијата

Во цената не се пресметани следните услуги:
- задолжително патничко здравстевно осигурување без франшиза 
- посета на дворецот Версај: водич + превоз + влезница = 30 €, минимум 10 патници(резервација во агенција)
- посета на дворците на Лоара: Амбуаз-комплет,Усе-комплет,Виландри-само градините и Шамбор-комплет  Комплет за сите=45€(резервација и уплата во агенција)(доплата за слушалки + по 4 € по дворец).
- Ајфеловата кула – влезница со лифт 2 спрат - 20 € (резервација и уплата во агенција)
- крстарење по Сена 15 еур(резервација во агенција) -Лувр - 20 € (рез. и упл. во агенција)
- Мулен руж – 99 -120 еур € во зависност од седиштата и услугата (резервација и уплата во агенција)
- Дизниленд 1 парк – влезница - 79 €, со вклучен превоз за минимум 10 особи(резервација во агенција)
- влезници за културно историските споменици
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
Напомена: Рок на пријавување до 22.04.2019 година.
За овој аранжман важат општите услови за патување на  СКТМ.
 

 

Сите есенски патувања

Дестинации

Чартер програма