БУДИМПЕШТА – ВИЕНА

                            19/10 до 23/10 2018
 

                       ЦЕНА: 6200 ден

 

 
БУДИМПЕШТА Убавицата на Дунав, формирана од двата града Будим и Пешта, со впечатлива архитектура и уште повпечатливиот танц на Унгарската “Чарда“ и најромантичното крстарење под мостовите на Дунав…

Виена Една од најстарите метрополи во срцето на Европа, некогашен главен град на Австро - Унгарската Монархија, посетен од милиони туристи поради многубројните културно историски споменици, дворци (Белведере, Шенбрун), светска музичка престолнина - град во кој живееле композиторите Моцарт, Бетовен...

19.10.18 Поаѓање во 16.30 ч со туристички автобуси, преку Србија. Ноќно возење со попатни одмори.

20.10.18 Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Разгледување на Будимпешта со локален водич и тоа: Будим: Цитаделата, Тврдината на Кралските палати, Црквата на Кралот Матејаш, Рибарска Тврдина и др. Пешта: Споменикот на Милениумот или Плоштадот на хероите: Градскиот парк, улиците Андраш и Ракочи; Црквата св. Стефан, мостовите  на Дунав... Слободно време за кратка прошетка низ цента- рот на градот по пешачката зона на улицата Ваци. Сместување во хотел и одмор. Вечерта факултативна вечера во национален ресторан Чарда со програма и музика. Ноќевање.

21.10.18 Појадок. По појадокот факултативен целодневен излет до Виена. Разгледување на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, палатата Хофбург, Парламентот, Виенската опера, катедралата св. Стефан, дворците Белведере и Шенбрун. Слободно време во центарот на Виена. Враќање во Будимпешта. Ноќевање.

22.10.18 Појадок. Факултативно крстарење со брод по Дунав. Слободно време за  посета на трговски шопинг центар како и прошетка низ центарот на градот по пешачката зона на  улицата Ваци... Попладнето поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.

23.10.18 Пристигнување во Македонија во утринските часови.

 
           ЦЕНА: 6200 ден.

 
Во цената е вклучено:

  • автобуски превоз на дадената релација
  • сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок  во Будимпешта
  • разгледување на Будимпешта  со локален водич
  • организација и придружник на патувањето
 
Во цената не е вклучено:
  • задолжително патничко здравствено осигурување  без франшиза 
  • крстарење со брод по Дунав - со чаша  шампањско  - 15 евра
  • целодневен излет до Виена и разгледување со локален водич - 20 евра
  • факултативна вечера во национален ресторан  “Чарда” - 25 евра
  • влезници за културно историските споменици

 
За реализација на програмата потребен е минимун од 40 патници.
Напомена: Рок на пријавување до 12.10.2018 година

 

Есенски понуди 2018

Дестинации

Чартер програма