Ова е пример текст. Заменете го со ваша содржина. Само кликнете врз ова поле и додадете свој текст.

Цена: 3.990,ден

БУДВА - ДУБРОВНИК -ХЕРЦЕГ НОВИ - ЦЕТИЊЕ -ОСТРОГ 

13.03.20 Поаѓање во 01.ОО чaсот со автобус, преку Албанија за Будва. Пристигнување во Црна Гора во утринските часови, па долж Црногорското приморје каде ќе се помине низ Бар, Суто Море, Петровац, Св. Стефан, Бечичи.. Пристигнување во Будва во предпладневните часови, сместување во студиа и апартмани. Попладнето прошетка и разгледување на стариот дел на Будва каде можат да се видат: црквите Св. Иван, Св. Марија, тврдината... Слободно време во Будва. Ноќевање.
14.03.20 Факултативен целодневен излет до Дубровник, преку Тиват со брод - траект. Пристигнување во Дубровник и разгледување на стариот дел на градот: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, црквата Св. Влах, Дубровачката катедрала.. Попладнето поаѓање за Херцег Нови каде се одржува старата манифестација “51 Празник Мимозе“, и Карневал, а најавен е настап на Жељко Јоксимович. Може да се видат  тврдините “Канли Кула” и “Форте Mаре”, шеталиштето “5 Даница”...... Вечерта преку Тиват со траект вракање во Будва. Ноќевање.                                                                           
15.03.20 Целодневен излет до Цетиње - старата престолнина на Црна Гора, со Цетинскиот манастир - симболот на Црногорската духовност, во кој се најдуваат моштите на св. Јован Крстител, палатата на Крал Никола, Плавата палата, палатите на конзулатите. Потоа се продолжува за Манастирот св. Василие Острошки, сместен високо на карпест планински масив и е најголемо Црногорско светилиште и  манастир на Балканот. Основан е од Василије во 17 век и се верува дека моштите на св. Василије Острошки се чудотворни кои се најдуваат во Горниот Манастир. Поаѓање за Македонија преку ПодгорицаСкадарското езеро, Тирана, ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во Македонија  во ноќните или раните утрински часови.
                                                           
ЦЕНА: 3990 денари во студија и апартмани - 2 ноќевања


Во цената е вклучено:    
- автобуски превоз на дадената релација                                                      
- 2 ноќевања во студија и апартмани во Будва                                       
- целодневен излет до Цетиње и Острошкиот манастир                                                   
- организација и придружник на патувањето


Во цената не е вклучено:  
- патничко здравствено осиг. - без франшиза - 150 ден.             
- целодневен излет до Дубровник и Херцег Нови - 10                                                       
- влезници за културно историските споменици                                            
- туристичка такса за влез во Цетиње - 1 € задолжително                                 
- превоз од Долниот до Горниот манастир Острог - повратна 2 - 3 € 
             
За реализација на програмата потребен е минимум од 40 патници.
Напомена: Рок на пријавување до 01.03.2020 година.                        
 
 

Сите есенски патувања

Дестинации

Чартер програма