ИНФО  КОРОНА (COVID - 19)
СООПШТЕНИЕ за издавање на ВАУЧЕРИ
 
Почитувани граѓани, клиенти, патници и колеги!
 
Имајќи ја предвид моменталната состојба, неизвесноста  во која се наоѓаме, поради прогласената пандемија од Корона вирусот на светско ниво од страна на Светската здравствена организација, ви се обрaќаме со цел да ви ги проследиме потребните информации околу аранжманите кои поради корона вирусот не се реализирале, како и  воопшто за сите резервираните аранжмани за 2020.
 
Поради ограничувањата во патувањето на граѓаните, затворањето на аеродромите, како и објектите за сместување на неопределен период, се откажуваат сите аранжмани поради неможност да се реализираат под објавените услови (планирани термини на патување, период на престој или објект на престој).
По завршување на вонредната состојба и нормализирање и стварање на условите за патување од земјата и условите за влез и престој во дестинациите на патување, КРИ ТУРС  под нови услови ќе ги објави програмите  за  2020 година, за сите или за дел од претходно објавените дестинации.

 Со цел да се заштитат патниците - корисници на услуги и вработените во Туристичко-угостителската дејност и превозот на патници, а во ситуација на неможноста да се реализираат аранжманите и услугите, на 24.03.2020 год Владата на РС Македонија донесе УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ТУРИСТИЧКА ДЕЈНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, објавена во службен весник бр. 80 од 27.03.2020 уредба .Врз основа на оваа Уредба и врз основа на мислењето дадено од страна на Министерството за економија - сектор за туризам и угостителство, во продолжение е следното образложение:

Информациите дадени во ова соопштение се однесуваат и на сите останати патници, кои имаат уплатени туристички аранжмани за пролетни патувања кои беа предвидени за реализација пред прогласувањето на вонредната состојба, како и за сите веќе откажани патувања во време на траењето на вонредната состојба (од 16 март 2020 година).

На патниците кои имаат уплатено аранжмани пред воведувањето на вонредната состојба, 
ќе им биде издаден “вредносен ваучер” на уплатениот износ за туристичкиот аранжман кој ќе може да го искористат за друг пакет аранжман од понудата на Кри Турс .

За таа цел, врз основа на примена на одредбите од Уредбата и врз основа на мислењето дадено од страна на Министерството за економија - сектор за туризам и угостителство, во продолжение ви ги презентираме условите и начинот за подигнување и користење на ваучерите.

  • Сите туристички агенции кои ги имаат откажано своите аранжмани за време на траење на вонредната состојба се должни да издадат нов ваучер на корисникот (патникот) на туристичкиот аранжман.
  • Ваучерите ќе се издаваат во три примероци, со рок на важење најдоцна до 31.12.2021 година. (еден примерок од Ваучерот ќе се достави и до Министерството за економија, за потребната евиденција).
  • Начинот на издавање на Ваучерите ќе се реализира во согласност на двете страни. Односно, туристичката агенција-организатор на аранжманот или овластената туристичка агенција за продажба (од една страна) и корисникот на ваучерот-патникот (од друга страна), ќе се договорат за: дестинацијата, терминот на реализација и времетраење на аранжманот.
  • Издадениот ваучер патникот ќе има можност да го искористи за аражмани достапни во понудата на туристичката агенција (организатор на аранжманот).
  • Вредноста на ваучерот ќе биде во истот износ колку што била уплатата за аранжманот, а кој е откажан порад корона вирусот  и вонредната состојба.
  • Ваучерите кои ќе бидат издадени од страна на туристичките агенции, патниците ќе можат да ги подигнат лично во туристичките агенции каде имале извршено резервација и уплата на аранжманот, или по барање на патникот истиот ваучер може да им биде испратен по електронски пат (e-mail).
  • Ваучерите кои ќе бидат издадени на име на патникот кој ja извршил резервацијата и уплатата, би можеле да бидат преносливи, односно Ваучерот може да се искористи и од страна на друг патник по претходен договор меѓу патникот и туристичката агенција.

- Агенциите кои ќе издаваат Ваучери истите ќе мора да ги реализираат, односно не смеат агенциите да прогласат престанок на вршење на дејноста без да се обештетат граѓаните.

                                                     Со почит и надеж за  набрзо  прекрасно патување !
 

                                                                                                                                           Битола,  30.04.2020