Цена  : 7.900,



Магичата земја    ( Terra Magica)

ИСТРА

 

Опатија - Пула - Пореч - Пиран - Ровињ - Порторож - Врсар - Копер

 
ИСТРА – најголем полуостров на Јадранско море со преубава природа, каде градовите пленат со своите уникатно испреплетени градби од Римскиот, Средновековниот и Венецијанскиот период.

05.03.20 Поаѓање во 14.15 ч, се патува преку Белград, Загреб, ноќно возење со паузи.

06.03.20 Пристигнување во Опатија во утринските часови, каде ќе се видат: симболот на градот - Девојката со Галебот, улицата на славните, паркот и вилата Анџолина, хотелот Кварнер. Потоа се продолжува за Пула,разгледување на градот - кој изобилува со споменици од Римскиот период: Арената, Августовиот храм, Форумот, Златната врата. Сместување во хотел. Ноќевање.

07.03.20 Појадок. Факултативен излет со водич до: Пореч - град со 2000 години историја, добро сочуван стар град, комлексот Еуфразијева базилика од 5 век е под заштита на УНЕСКО, Романичката куќа од 13 век, Петерокутната кула, палата Зукато, плоштадот Марафор.. Потоа се оди за Врсар – мало туристичко и рибарско место, со сочувани зидини и влезна градска врата, црква со црковно звоно. Се продолжува за Ровињ - каде вреди да се посетат: Стариот град, зидините и вратата, црква св. Еуфемије. Враќање во Пула. Можност за факултативна вечера. Ноќевање.

08.03.20 Појадок. Заминување од Пула за Порторож - Јадранскиот бисер на Словенија, каде службен јазик е Италијанскиот. До 19 в Порторож бил рибарско место но и со многу солани, кои денес се напуштени. Може да се посетат: Музејот на Солинарство, црквата св. Марија од Розарија од 13 в... Пиран: прекрасно приморско градче во Словенечка Истра со тесни уличкипрекрасни градби, стара архитектура и богато културно наследство, плоштадот, споменикот и куќата на Џузепе Тартини - познат композитор и виолинист, градската куќа, црквата св. Јури.... Се продолжува кон Копер - каде ќе се видат: Праеторската палата, Титовиот плоштад, Коперската катедрала, Кулата Бел, Ротондата.
Вечерта поаѓање за МК, ноќно возење со одмори.

09.03.20 Пристигнување во Македонија во утринските часови.
 
ЦЕНА: 7900 денари


Во цената се вклучени  следните услуги:


- превоз со туристички автобус на дадената релација                                                               
- сместување во хотел со 3* - 2 ноќевања со појадок                                                         
- разгледување на Пула со локален водич                                                                                   
- посета на: Опатија, Порторож, Пиран, Копер                                                                               
- организација и придружник на патувањето   
                                                                                                                
Во цената не се вклучени следните услуги:   
                                                                           
- патничко здравствено осигурување - 200 ден.                                                                             
- целодневен излет со локален водич до: Пореч, Врсар, Ровињ – 20 €     
- влезници за посетите на културно историските споменици 
- доплата за факултативна вечера 
 


Напомена: Рок на пријавување до 20.02.20 година.