Магичата земја    ( Terra Magica)

ИСТРА

ОПАТИЈА-  ХУМ - ПУЛА - ПОРЕЧ - НОВИГРАД - УМАГ - ВРСАР - РОВИЊ
                             ПОРТОРОЖ - ПИРАН - ИЗОЛА - КОПЕР

 

07.03.2019 до 11.03.2019

 

 (7.900 ,денари)


 

ИСТРА – најголем полуостров на Јадранско море поделен помеѓу Италија,Словенија и Хрватска со развиен најразновиден туризам со преубава природа, каде градовите пленат со своите уникатно испреплетени градби од Римскиот, Средновековниот и Венецијанскиот период.

07.03.19 Поаѓање во 13 ч, се патува преку Белград, Загреб, ноќно возење со попатни одмори.

08.03.19 Пристигнување во Опатија - (12000 ж.) во утринските часови, туристичка убавица на Јадранот, каде ќе се видат: симболот на градот - Девојката со Галебот, шеталиштето Лунго Маре, улицата на славните, паркот и вилата Анџолина, хотелот Кварнер, прекрасните плажи... Потоа се продолжува до најмалито град во Европа (влезен во книгата на Гинис) - Хум (30 ж) со функционални градски институции, но и градски зидини, метална влезна врата во градот... Продолжување за Пула, сместување во хотел.Тој е најголемиот град на Истра, кој изобилува со антички споменици од Римскиот период, како што е Арената, симболот на градот, Августовиот храм, Форумот т.е. плоштадот, Пулскиот Каштел т. е. Млетачката тврдина, Златната врата.... Вечера. Ноќевање.

09.03.19 Појадок. Факултативен целодневен излет со водич до  Пореч (17000 ж.), град со преку 2000 год. историја, добро сочуван стар град, а посебно комлексот Еуфразијева базилика од 5 век кој е под заштита на УНЕСКО, Романичката куќа од 13 век, Петерокутната кула во Готски стил, палата Зукато, плоштадот Марафор....Потоа се оди за Врсар–мало туристичко и рибарско место, а пред него се наоѓаат 18 мали острови.Се продолжува за Ровињ-15000 ж. еден од најпознатите туристички дестинации, каде вреди да се посетат:Стариот град, градските зидини и врата, црква св. Еуфемије, крстилницата св. Тројца...Враќање во Пула. Можност за факултативна вечера .Ноќевање.

10.03.19 Појадок. Заминување од Пула за Порторож - Јадранскиот бисер на Словенија, каде службен јазик е Италијанскиот. До 19 - ти век Порторож бил рибарско место но и со многу солани, кои денес се напуштени, но соленоста и блатото допринеле да се развие Бањскиот туризам. Може да се посети Музејот на Солинарство, црквата св. Марија од Розарија од 13 век. Во Порторож има многу хотели, ресторани, кафичи, диска, казина и ресторани. Пиран: прекрасно приморско градче во Словенечка Истра со тесни улички, прекрасни градби, стара архитектура и богато културно наследство, плоштадот, споменикот и куќата на Џузепе Тартини - познат композитор и виолинист, градската куќа, црквата св. Јури.. Потоа продолжување за Изола некогаш остров,а сега градче со богата историја и рибарска традиција, каде низ старото градско јадро може да се види една од најдобро сочуваните Барокни палати-Басенги од 18-ти век, Жупанската црква св.Мавра со кулата... Копер,25000 ж. каде можат да се видат знаменитостите на градот: Праеторската палата, Титовиот плоштад,Коперската катедрала и Кулата Бел,Ротондата...Вечерта поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни  одмори.                                                                                                      
11.03.19 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

ЦЕНА: 7.900 ,денари

Во цената се вклучени  следните услуги:
 - превоз со туристички автобус на дадената релација,
 - сместување во хотел Пула со 3* - 2 полупансиони,
 - разгледување на Пула со локален водич,
 - посета на:Опатија,Хум,Порторож,Пиран,Изола,Копер,
 - организација и придружник на патувањето

Во цената не се вклучени следните услуги:
- патничко здравствено осигурување
- целодневен излет со локален водич до: Пореч,Врсар,Ровињ - 15 еур,
- вечерен излет до Пореч за дочек на Новата 2019г. на плоштад за Здравко Чолич-10 еур
- влезници за посетите на културно историските споменици
- доплата за факултативна велера 

Напомена: Пријавување до 25.02.2018 год.
За реализација на аранжманот потребен е минимум 40 патници.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.