КАРНЕВАЛ во ВЕНЕЦИЈА и Верона - посета на Трст -шопинг Палманова

Венеција град чудо, град од соништата кој плени со своите разнобојни палати, канали, тесни улички, безброј мовчиња, мали плоштади. Волшебниот Венецијански карневал и гондолата се симболи на Венеција. Верона асоцијација на љубовта позната по Шекспировата Ромео и Јулија.

08.02.18 Поаѓање во 17 часот од Битола со туристички автобус. Патот води преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.
09.02.18 Пристигнување во Трст во утринските часови. Слободно време за прошетка низ центарот на градот при што ќе се видат: плоштадот Пјаца дел унита де Италија, градското собрание, фонтаната четири континенти со 4 статуи. Се продолжува за Лидо Ди Јесоло, со попатна посета на најпознатиот шопинг центар во ИталијаПалманова. Сместување во хотел и слободно попладне во Лидо Ди Јесоло - најголемиот и најмодерен туристички комплекс на Италија. Ноќевање.
10.02.18 Појадок. Целодневен излет со брод од Punto Sabione до Венеција и панорамско разгледување на градот со локален водич: плоштадот и црквата Сан Марко, Дуждевата палата, мостот на воздишките, мостот Риалто, каналот Гранде. Слободно попладне на волшебниот ВЕНЕЦИЈАНСКИ КАРНЕВАЛ - најголемата туристичка атракција како и можност за возење со Гондола – симболот на Венеција. Враќање во Лидо Ди Јесоло со брод. Ноќевање. 
11.02.18 Појадок. Факултативен излет до Верона - градот на Ромео и Јулија. Панорамско разгледување на градот: големата арена, куќата на Јулија, плоштадите Бра, Ербе и Дел Сињори, замокот Векио итн. Поаѓање за Македонија преку Словенија, Хрватска и Србија. Ноќно возење со попатни паузи. 
12.02.18 Пристигнување во Македонија во пладневните часови.

Цена: 7900 денари

Во цената се пресметани следните услуги:
• автобуски превоз на дадената релација
• 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Лидо Ди Јесоло (Венеција).
• панорамско разгледување на Венеција со локален водич
• придружник на екскурзијата
• 
Во цената не се пресметани следните услуги:
• задолжително патничко здравстевно осигурување без франшиза (200 ден) 
• превоз со брод до Венеција од Punta Sabione (Лидо Ди Јесоло) - 15 евра
• целодневен излет до Верона - 10 евра 
• влезници за културно историските споменици

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување

Ова е пример текст. Заменете го со ваша содржина. Само кликнете врз ова поле и додадете свој текст.