Нова 2019 година во

АТИНА
Пиреа Пелопонез

 

 

29.12.2018 до 02.01.2019

 

 (6.200 денари)

 

 

 

29.12.18 Поаѓање во 21 часот од  Битола,  ноќно возење со попатни паузи.

30.12.18 Пристигнување во Атина во утринските часови. Панорамско разгледување на градот со водич: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол... Сместување во хотел во центарот на Атина. Вечерта факултативна вечера во Таверна на Плака со богато мени и програма на грчки песни и игри. Ноќевање.

31.12.18 Појадок. Факултативен целодневен излет до Пелопонез со локален водич. Посета на Коринтскиот канал, најакустичниот амфитеатар од Античка Грција - Епидаурус, Микена - Античкиот град на Кралот Агамемнон и гробницата на Агамемнон. Враќање во Атина. Вечерта Дочек на новата 2019 г. на плоштад или во Таверна на Плака со богато мени и програма на грчки песни и игри. Ноќевање.

01.01.19 Појадок. Полудневен излет со посета на најголемото пристаниште на Балканот - Пиреја со нејзините Марини, каде се стационирани најмодерни јахти од целиот свет, па се оди до Глифада - најпознато излетничко место на Атињани, со убави плажи и вили. Потоа преку Атина патувањето продолжува за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.

02.01.19 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
 
ЦЕНА: 6200 денари
 
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
- Автобуски превоз на наведената релација
- Сместување на база 2 НП во хотел Иниохос со 3* во центарот на Атина
- Разглед на Атина со локален водич
- излет до Пиреа, Глифада
- Организација на аранжманот и лиценциран придружник на групата

    ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување - без франшиза
- Факултативен целодневен излет до Пелопонез со водич -20 €
- Вечера во Таверна со програма 30 € (на 30.12.2018), 40 € на 31.12.2018
- Влезници за локалитетите
 
Напомена: Рок на пријавување до 21.12.2018 година