Нова година 2019
 
БЕЛГРАД
НОВИ САД - СОМБОР

 


29.12.2018 до 01.01.2019

 

 (5.600 денари)

 

 

29.12.18 Поаѓање за Белград од Битола во 23:00 ч. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни одмори.

30.12.18 Пристигнување во Белград во утринските часови, разгледување на градот со локален водич: плоштадите Теразије, Славија, храмот Свети Сава, булеварот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Воениот музеј, Споменикот на победникот итн. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот по улицата Кнез Михајлова и Калемегдан. Ноќевање.

31.12.18 Појадок. После појадокот посета на трговскиот шопинг центар Ушче како и слободно време во центарот на Белград. Можност за факултативно крстарење со сплав по Сава и Дунав. Вечерта дочек на Новата 2019 година на плоштад, каде е најавен настап на познатите Балкански звезди . Ноќевање.

01.01.19 Појадок. Факултативен целодневен излет до Нови Сад - разгледување со локален водич: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица - пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петроварадинската тврдина... Продолжување за Сомбор, кратка обиколка на центарот на градот па потоа се оди на “Салаш” - пречек со домашна ракија и богат салашки ручек со специјалитети на Војводинската кујна и домашни неограничени пијалоци во незаборавен амбиент придружуван од тамбурашка музика. Вечерта поаѓање за Македонија и пристигнување во раните утрински часови на 02.01.2019.   
 
 
ЦЕНА: 5600 денари

 Во цената се вклучени следните услуги:
 - автобуски превоз на дадената релација
 - сместување во хотел со 3* - 2 ноќевања со појадок
 - разгледување на Белград со локален водич
 - организација и водство на аранжманот

 Во цената не се вклучени следните услуги
- здравствено патничко осигурување 
- целодневен излет до Нови Сад, Сомбор и ручек со тамбурашка музика на Салаш со неограничено пиење и јадење - 30 еур
- крстарење по Сава и Дунав – 10 еур
- влезници за посетите во локалитетите и другите културни споменици


  Напомена: Рок на пријавување до 21.12.18 година.