НОВА година 2019 

ДУБРОВНИК БУДВА - КОТОР
 


29.12.2018 до 02.01.2019

 

 (3.900 денари)

 

 
1 ден 29.12.2018
Поаѓање од Битола во 22:30 часот со туристички автобус, преку Албанија за Будва.

2 ден 30.12.2018 Пристигнување во Будва во утринските часови, посета на св. Стефан - едно од најатрактивните места во Црногорското приморје. Потоа прошетка во стариот дел на Будва каде можат да се видат црквите Св. Иван, Св. Марија,... Сместување во студиа, апартмани или хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

3 ден 31.12.2018 Факултативно целодневен излет до Дубровник, преку Тиват со траект. Пристигнување во Дубровник и разгледување на стариот дел на градот: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, Палатата Спонза, цр. Св. Влах, Катедрала.... Враќање во Будва. Вечерта дочек на Новата 2019 г. на плоштад, каде  за најлудата ноќ најавена е Балканската ѕвезда ДИНО МЕРЛИН. Ноќевање.

4 ден 01.01.2019 Слободно предпладне или факултативен полудневен излет до Котор. Разгледување на стариот дел на Котор: Катедралата на св. Трипун, Столбот на срамот... Враќање во Будва. Попладнето поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.

5 ден 02.01.2019 Пристигнување во Македонија во ноќните или раните утрински часови.
 
Цена: 3900 денари во студија и апартмани
           
 Во цената е вклучено:
- автобуски превоз на дадената релација
- 2 ноќевања во студија и апартмани во Будва
- организација и придружник на патувањето
 
 Во цената не е вклучено:
- патничко здравствено осигурување
- целодневен излет до Дубровник - (10 еур)
- полудневен излет до Котор - (5 еур)
- влезници за културно историските споменици
 
Напомена: Рок на пријавување до 21.12.2018 година
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.