Дочек на НОВАТА 2019 година во   

 

ХЕРЦЕГ НОВИ

БУДВА- ИГАЛО - ДУБРОВНИК - ТИВАТ
 

29.12.2018 до 02.01.2019

 

 (4.600 денари)

 

 

1 ден 29.12.2018 Поаѓање од Битола во 21:00 часот со автобус преку Албанија,ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 30.12.2018 Пристигнување во Црна Гора во утринските часови, посета на св. Стефан - едно од најатрактивните места во Црногорското приморје,потоа прошетка во стариот дел на Будва каде можат да се видат црквите Св. Иван, Св. Марија... па преку Тиват со траект пристигнување во Херцег Нови.Приватно сместување вo соби 1 категорија, студиа и апартмани. Прошетка низ Игало – тоа е најпознатото Црногорско туристичко место од областа на Здравствениот туризам, познато по вилата на Тито, како и разглед на Херцег Нови: шеталиштето “Пет Даница” со многу цвеќе, палми, ресторани, кафичи,...кое е долго од Игало до Мељине, кулата “Форте Маре” и тврдината “Канли кула“.Вечерта на плоштад за добро расположение ќе се погрижи Сплитската поп пеачка ЈЕЛЕНА РОЗГА. Ноќевање.

3 ден 31.12.2018 Слободно предпладне во Херцег Нови.Вечерта дочек на Новата 2019 г. на плоштад во Херцег Нови а најавен е настап на најпознатата рок група од Београд РИБЉА ЧОРБА со нејзиниот фронтмен БОРА ЏОРЏЕВИЌ, или пак факултативно дочек на Новата 2019 год. во Тиват каде е најавена супер забава со една од најголемите Балкански звезди ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИЧ.По полноќ враќање во Херцег Нови.Ноќевање.

4 ден 01.01.2019 Факултативен излет до Дубровник:разглед на стариот дел на градот: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, Палатата Спонза, цр. Св. Влах, Катедрала итн.Враќање во Херцег Нови па се продолжува преку Бокакоторскиот залив, Вечерта поаѓање за Македонија преку Албанија, ноќно возење со попатни паузи.

5 ден 02.01.2019 Пристигнување во македонија во ноќните или раните утрински часови.

Цена: 4600 денари
 
 Во цената е вклучено:
- автобуски превоз на дадената релација
- 2 ноќевања во соби,студиа и апартмани
- разгледување на Херцег Нови, Будва, Игало...
- организација и придружник на патувањето

 Во цената не е вклучено:
- патничко здравствено осигурување 
 - факултативно дочек на Н.Г. на плоштад во Тиват на 31.12.2018г.- 5 еур
  -факултативен излет до Дубровник -10 еур
 - влезници за културно историските споменици

Напомена: Рок на пријавување до 21.12.2018 година
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.