Нова 2019 година
 
 ЛУТРАКИВОДЕН

 

30.12.2018 до 01.01.2019

 

 (3.200 денари)


 
ЛУТРАКИ е мало туристичко место (пример за селски туризам) Местото со своите минерални лековити извори е познато уште од времето на Александар Македонски. Овде посетителот може да ги  комбинира минералната топла вода во базените со планинарењето, посетата на уникатната по својот вид пештера или скијање на планината Ворас (Кајмакчалан). Температурата на водата е од 37-38 степени. Водите се лековити и се препорачуваат за болни од реума, ишијас, бронхит, нервоза, дерматолошки и гинеколошки проблеми, како и циркулативни и респираторни нарушувања.Освен Лутраки и селото Агиос Атанасиос е пример за “селски туризам”,каде куќите од камен се пренаменети за издавање на туристите, а блиску е ски-центарот Ворас.

30.12.2018 Поаѓање во 07.00 часот за Грција преку Битола со попатна посета на градот Воден и водопадите. Продолжување за Лутраки, сместување во студиа и апартмани и одмор. Ноќевање.

31.12.2018 Ден за идивидуални активности низ Лутраки, посета на пештерата како и  можност за капење во бањите (се носат патниците со автобус). Вечерта факултативен дочек на Новата 2019 година  во национален ресторан – Таверна со музика. Ноќевање.

01.01.2019 Поаѓање за Македонија со попатна посета на прекрасното село Агиос Атанасиос (до 1926 год. името му е Чеган) сместено под пазувите на планината Ниџе, а во близина е и ски-центарот Ворас.Куќите, хотелите, кафичите, рестораните изградени се  исклучиво од камен, наменети за сместување на туристи. Слободно време за прошетка.
Продолжување  за  Македонија и пристигнување во вечерните часови.                           
 
 ЦЕНА: 3.200 ден.
 
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:                      
- превоз со туристички автобус
- сместување во Лутраки во студиа и апартмани - 2 ноќевања
- посета на Агиос Атанасиос и водопадите во Воден
- организација и придружник на патувањето
 
 Во цената не се вклучени следните услуги:
- здравствено патничко осигурување 
- свечена новогодишна вечера во Таверна со музика-30 еур-(резервација при упис)
 
Напомена: Рок на пријавување до 21.12.2018 година.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.