Нова 2019 година во  


САРАЕВО
 Вишеград - Мостар - Дубровник

 

29.12.2018 до 02.01 2019

 

 (6.200 денари)

 

 

 

 

29.12.18 Поаѓање за Сараево во 17 ч. преку граничниот премин Табановце па низ Србија со попатни паузи.

30.12.18 Во утринските часови пауза и посета на Мокра Гора - каде се најдува Музејот на отворено - Дрвениот град на Емир Костурица, како и единствената туристичка - музејска железница “Шарганска Осмица” ремек дело меѓу пругите со тесен колосек. Поаѓање за Вишеград каде ќе се види Мостот на "Дрини Чуприја" изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, како и "Андричев град" - повторно дело на Емир Костурица - како би требало да изгледа средновековен Вишеград. Пристигнување во Сараево и сместување во  хотел. Попладнето прошетка во центарот на градот - Башчаршија. Факултативна вечера во ресторан со музика. Ноќевање.

31.12.18 Појадок. После појадокот разгледување на градот со локален водич: Врело Босне, Грбавица, народниот театар, градското собрание, па се оди пеш по Башчаршија, Којунџилук, Еврејскиот Храм Величенствената Газихусербегова џамија, Катедралата... Слободно попладне во центарот на Сараево. Вечерта факултативно дочек на новата 2019 год. на плоштад или во ресторан со музика. Ноќевање.

01.01.19 Појадок. Поаѓање за Дубровник со попатни посети на Мостот на Неретва и Стариот мост во Мостар. Продолжување за Дубровник преку Неум. Пристигнување во Дубровник и прошетка во стариот дел на градот каде ќе се видат: Страдун, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, Палатата Спонза, Црквата Св. Влах, Катедрала итн. Поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.

02.01.19 Пристигнување во Македонија во утринските часови.
 
ЦЕНА: 6200 денари
 
Во цената се пресметани следните услуги:                                 
 - превоз со туристички автобус
 - сместување во хотел со 3* на база 2 н/п
-  разглед на Сараево со локален водич
 - попатни посети на Мокра Гора, Мостар и Дубровник
 - организација и придружник на патувањето
 
Во цената не е пресметано:
- патничко и здраствено осигурување - без франшиза
-  факултативна вечера со музика во ресторан 30.12.2018 - 20 €
- влезници за културно историските споменици
 
Напомена: Рок на пријавување до 21.12.2018 година.