РИМ - ВАТИКАН

                  БАРИ – АЛБЕРОБЕЛО –  НЕАПОЛ – СОРЕНТО



12.03.2019 до 17.03.2019

 

 (13.900 денари)

 

 


 

Сите патишта водат во РИМ Вечниот Град кој е музеј на отворено за милионите туристи кои го посетуваат. Седиштето на “светата столица” - Ватикан е во самото срце на Рим, каде се издига најголемата црква во светот - ”Св. Петар”.

12.03.19 Поаѓање на групата во 16 ч се патува преку Игуменица за Бари. Поаѓање во 23 ч со брод од Игуменица за Бари (Италија).

13.03.19 Пристигнување во Бари во утринските часови и посета на црквата Св. Никола каде се наоѓаат моштите на православниот светец. Поаѓање за Алберобело – најнеобично градче, како од бајките од цртаните филмови “Штрумфови”, куќи изградени од бел камен. Продолжување за Рим со посета на Неапол, каде можат да се видат: Кралската палата, црк.Сан Франческо Ди Паола, Кастел Нуово. Сместување во хотел кај Рим. Ноќевање.

14.03.19 Појадок. Разглдеување на Рим со локален водич: Римскиот Форум, Колосеумот, Форумот на цар Трајан, Капитол, плоштадите Венеција и Еспанија, Шпанските скали, Фонтана Ди Треви. Слободно попладне во центарот на Рим. Потоа посета на трговски шопинг центар и враќање вo хотел.  Ноќевање.

15.03.19 Појадок. Факултативно разгледување на Ватикан со локален водич; Ватикан -ските музеи, цр Св. Петар, Сикстинската Капела...Поаѓање
  за популарното место Соренто, сместување во хотел.Ноќевање.

16.03.19 Појадок. Разглед  на Соренто каде можат да се видат катедралата од 15 век , плоштадот Тасо , Корзо Италија ,тесни улицки ,палми, луксузни ресторани,продавници ...Поаѓање за Бари од каде вецерта се поаѓа  со брод за Игуменица .

17.03.19 Утрото  пристигнување  во Игуменица , а во Македонија  пристигнување во попладневните часови.

. Цена: 13.900 ден.
          

 Во цената е пресметано:

  • превоз со туристички автобус на дадената релација

  • превоз со брод Игуменица – Бари на “DECK” и бродска такса

  • сместување во хотел со 3* - 2 нокевања со појадок кај Рим 
    сместување во хотел 3*  кај Соренто - 1 ноќевање со појадок

  • разгледување на Рим со локален водич

  • попатни посети на Бари, Алберобело, Неапол и Соренто 

  • организација и придружник на екскурзијата
     

Во цената не е пресметано:  

  • задолжително здравствено патничко осигурување - без франшиза

  • доплата за кабина Игуменица - Бари од 25 - 50 евра по лице (при резервација во Т.А.)

  • превоз, влез и разглед со слушалки на Ватикан со локален водич - 25 евра

 
Напомена: Рок на пријавување  до 28.02.2019 година.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.