Цена: 5900.00ден.
НОВА 2020 година во
 
САРАЕВО
 
Мостар - Вишеград – Мокра Гора
 
29.12.19 Поаѓање за Сараево во 21.15 ч. преку граничниот премин Табановце па низ Србија со попатни паузи.

30.12.19 Во утринските часови пристигнување во Сараево и негово разгледување со локален водич: Врело Босне, народниот театар, градското собрание, па се оди пеш по Башчаршија, Којунџилук, Еврејскиот Храм, Величенствената Газихусербегова џамија, Катедралата. Сместување во  хотел. Слободно попладне во Сараево на - Башчаршија. Факултативна вечера во ресторан со музика. Ноќевање.

31.12.19 Појадок.Факултативен излет до Мостар, со попатна посета на историскиот Мост од битката на Неретва кај Јабланица. Пристигнување во Мостар - град со многу мостови  во  Херцеговина, сместен на реката Неретва. Посета на  Стариот мост – симболот на градот, изграден 1557 - 1566 год., 2004 год. ставен под заштита на УНЕСКО, стариот град, улицата Кујунџилак со занаетчиски дуќани, саат кулата, Караџорџевата џамија. Попладнето враќање во Сараево. Вечерта дочек на новата 2020 год. на плоштад каде на најлудата ноќ илјадниците сарајлии и туристи ќе ги забавува Балканската звезда
Жењко ЈоксимовиќНоќевање.

01.01.20 Појадок. Поаѓање за Вишеград каде ќе се види Мостот на "Дрини Чуприја" изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, како и "Андричев град" на Емир Костурица. Се продолжува за Мокра Гора - каде се најдува Музејот на отворено - Дрвениот град повторно дело на Емир Костурица, како и единствената туристичка - музејска железница “Шарганска Осмица” ремек дело меѓу пругите со тесен колосек. Поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.

02.01.20 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
 
ЦЕНА: 5900 денари
 
Во цената се пресметани следните услуги:                                 
 - превоз со туристички автобус;
 - сместување во хотел со 3* на база 2 н/п
 - разглед на Сараево со локален водич
 - попатни посети на Мокра Гора, Вишеград
 - организација и придружник на патувањето
Во цената не е пресметано:
 - патничко и здраствено осигурување - без франшиза - 200 ден.
 - факултативен излет до Мостар -10 €;
 - факултативна вечера со музика во ресторан 30.12.2019 - 20 €
 - влезници за културно историските споменици.
Напомена: Рок на пријавување до 20.12.2019 година.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
 

Сите есенски патувања

Дестинации

Чартер програма