Цена: 7900.00ден.

СПЛИТ 
ДУБРОВНИК – ШИБЕНИК  МАКАРСКА - ТРОГИР - КРКА
 
1 ден 12.03.2020 Поаѓање од пред агенција во 19.45  часот со туристички автобус, преку Албанија, Црна Гора за Хрватска, ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 13.03.2020 Утрото пристигнување во Ц. Гора: Св. Стефан, Будва па преку Тиват со траект се преминува Бока - которскиот залив, па Херцег Нови се оди према Хрватска-Дубровник, околу пладне пристигнување во Сплит, разгледување на Сплит со локален водич: Диоклецијановата Палата, Катедралата на Свети Дује, плоштадот, Променадата - Рива... Сместување во хотел и слободно попладне.Ноќевање.

3 ден 14.03.2020 Појадок. Целодневен факултативен излет до: Трогир каде ќе се видатКатедралата Свети Ловре, палатата Чипико, тврдината Камерленго, кулата св. Марко... Шибеник при што ќе се видат: Катедралата св. Јаков - која е под заштита на УНЕСКО а на 10 км. се најдува Националниот парк*Крка* со познатите слапови на реката Крка и нивна посета. Враќање во Сплит. Ноќевање.

4 ден 15.03.2020 Појадок. Слободно предпладне во центарот на Сплит. Поаѓање за Дубровник преку Гусарскиот град Омиш, па посета на Макарска - прошетка по шеталиштето-Рива и долж Ривиерата поминувајќи покрај убави летувалишта (Башка вода, Подгора),преку Неум (БиХ), пристигнување во Дубровник, разгледување на стариот дел на градот: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, Палатата Спонза, цр. Св. Влах, Катедралата и прошетка во стариот дел на Дубровник. Потоа се оди преку Црна Гора со попатна пауза во Будва, па преку Албанија, ноќно возење со попатни паузи.

5 ден 16.03.2020 Пристигнување во  Македонија  во утринските часови.
         
Цена: 7900 денари
 
Во цената се пресметани следните услуги:                                 
- превоз со туристички автобус
- сместување во хотел Диоклецијан со 4* на база 2 н/п
- разгледување на Сплит со локален водич
- попатни посети на Макарска и Дубровник
- организација и придружник на патувањето
 
Во цената не е пресметано:
- патничко и здравствено осигурување - без франшиза - 200 ден
- факултативен излет со локален водич: Трогир, Крка и Шибеник - 15 € + влез во Крка - 10 €
- влезници за културно - историските споменици
 
Напомена: Рок на пријавување  до 29.02.2020 година.
 

Сите есенски патувања

Дестинации

Чартер програма