ЛЕТО 2018

На само 330 км. оддалечено од Битола, во Епир, помеѓу Парга и Превеза, сместено на прекрасниот песочен брег на тиркизното Јонско море, лежи Врахос, со 2 км долга песочна плажа, заштитена со борова шума која се спушта до самиот брег, прекрасна комбинација на воздушна бања и топло тиркизно море, и многу кафе – барови, ресторани и таверни, што дополнително го чинат Vrahos – Loutsa атрактивен за туристите.
 

ВИЛА ВАЈТ СЕНДИ БИЧ е на прва линија на плажа. Вилата располага со сопствени лежалки на плажа. Секое студио има 2 лежалки со чадор на користење. Студијата се на први кат со балкон со страничен поглед на море, комплет опремена кујна, бања, фрижидер, ТВ, клима (се доплаќа 5евра на ден) иWI-FI.Четвртата особа може да биде дете до 12 години.

ВИЛА САНРАЈС се наоѓа на 50 метри од плажа и располага со сопствен паркинг (ограничен капацитет). Студијата се наоѓаат на прв спрат, опремени со ТВ, мини кујна, балкон и клима (се доплаќа 5евра на ден). Секое студио има еден дупли кревет, еден единечен и можност за фотеља на спуштање (за дете до 5,99год)

ВИЛА ФИЛОКСЕНИЈА се наоѓа во крајниот дел од плажата на Врахос во помирен дел. На 50 метри од плажа во прекрасен двор со природни сенки од маслинови дрва, во дворот има лулашки за деца.  Вилата има сопствен паркинг и лежалки на плажа кои се бесплатни доколку гостите порачаат пијалок од барот. Вилата располага со трикреветни студија и четворокреветни апартмани. Сите се со балкон, комплет опремена кујна, бања, фрижидер, ТВ, Wi-Fi и клима(се доплаќа 4евра на ден).

ВИЛА КОРАЛИ е една од најубавите вили на Врахос Бич. Се наоѓа во центарот, на сама плажа. Вилата има паркинг, бар и сопствена плажа со чадори и лежалки ( гостите на вилата ги користат лежалките со порачување на пијалок) . Сместувањето е во четирикреветни апартмани со балкон (со поглед на градина или на море), комплет опремена кујна, бања, фрижидер, ТВ, клима (се доплаќа 6евра на ден) и Wi-Fi. Напомена: Вила Корали прима само четворочлена фамилија или максимум 3 возрасни особи !!!

ВИЛА ЛУИЗА се наоѓа на прва линија од плажа, располага со трокреветни и четворокреветни апартмани. Сите апартмани се со комплет опремена кујнa, бања, фрижидер, ТВ, WiFI, и клима (се доплаќа 5 евра на ден). Апартманите 1/4  се лоцирани на приземје имаат две простории, спална со 1 брачен кревет и кујна со 2 единечни кревети. Апартманите 1/3+1 на се лоцирани на први и на втори спрат, имаат две простории, спална со 1 брачен и 1 единечен кревет и кујна со помошен кревет за деца до 12 години. Апартман 1/3лоцирани на први и втори кат, две простории, спална со 1 брачен и 1 единечен кревет и засебна кујна.

ВИЛА ЈОНИАН ВЈУ се наоѓа на 50 метри од плажа и има прекрасен поглед на целиот залив во Врахос. Вилата имасопствен паркинг, расоплага со модерно опремени четворокреветни пространи апартмании трокреветни студија. Сите апартмани и студија имат свој балкон со поглед на море, комплет опремена кујна, бања, фрижидер, ТВ, купатило и клима (се доплаќа 5евра ден). Опис: апартманите се лоцирани на 2 кат, имаат две простории, спална со 1 брачен кревет и кујна со 2 единечни кревети. Студијата се наоѓаат на трет  кат (поткровје), една просторија со 1 брачен кревет, 1 единечен кревет.
 

 

 -7% за комплетни уплати до 30.04.2018 !

Доплата за туристичка такса 0,5 € - 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

 
 

НАПОМЕНИ:

-  ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ (7 или 9 ноќи) НА СТУДИО / АПАРТМАН, согласно бројот на кревети.

-  Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Во одредени капацитети наддозволениот број може да се сместимаксимум едно дете до 6години во кревет со родител.

-  Термините во табелата се денови на започнување на аражманот.

-  Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цена.

-  Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд). 

-  За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена.Напомена: понудата важи само за редовните цени.

-  Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе(на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира)

-  Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во редовниот ценовник. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

-  Сместување во собите е по 14часот по локално време, а напуштање на истите е во 09часот.

-  Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки, важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 7 дена пред поаѓање.

-  Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање  да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.

-  По завршувањето на Вашето летување должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Сопствениците на вилите го задржуваат правото, во случај на причинета материјална штета за време на престојот, да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот. 

-  Во цената на аранжманот каде што е вклучено  користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте на плажа или надвор од собата

 - Секој патник  има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи, поради кои НЕ можаe да откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата.

 

Галерија